Конкурс за пријавување на музичари и музички бендови од Македонија за фестивалот UNDERFEST 2020

Underfest го распиша конкурсот за пријавување на музичари и музички бендови од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност на Underfest фестивалот во Скопје кој ќе се одржи на 3ти и 4ти Април 2020 на поткровјето на Public Room во Скопје. За линк од фестивалот https://www.facebook.com/events/2460962284161873/

Музичарите или музичките групи треба да ги испратат своите податоци на електронската адреса: info@underfest.mk најдоцна до 10 декември 2020та година.

Избраните дела ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и ќе се очекува нивен настап на фестивалот.

Целта на конкурсот е да им се даде шанса на младите автори да го презентираат својот креативен труд и своите дела пред публиката на фестивалот и на тој начин да се мотивираат да продолжат со својата работа.

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА МУЗИЧКИ БЕНДОВИ:

– Име на бендот
– фотографија од бендот
– музички правец
– по можност демо снимка од авторска песна
– по можност демо снимка од кавер песна за кавер бендови