Долгоочекуваното второ издание на Андерфест ќе се одржи првиот викенд во октомври

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ. Прогресивниот, музички фестивал оваа година ќе понуди дводневно комплетно уживање и ќе се одржи на 2ри и 3ти октомври 2020 година, во поткровјето на Public Room, во Скопје, а влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен со претходна резервирана карта и редуциран број на публика најмногу до 30%. Настанот ќе биде и стриман во живот на официјалниот канал на Андерфест нa Youtube.

Долгоочекуваното второ издание на Андерфест ќе се одржи првиот викенд во октомври и на него ќе земат учество повеќе бендови кои ќе се претстават со својата авторска музика.

Првиот ден на 2 октомври ќе настапи The Smokey house, групата Fiction од Скопје, The Chicks – девојките од Велес, High Voltage од Охрид, како и еден од најпопуларните рапери во моментов од нашата држава Матеј Фолц. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат добро познатите Културно уметнички работници.

Вториот ден честа да свират на сцената ќе ја имаат Sincrest од Кичево, алтернативната група Cruel od Скопје, Hood, Пепел, Reinconnected . Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да докаже дека е одлична и навистина има што да покаже.

Настанот го покрива Министерството за Култура, Град Скопје, Jameson и Celia.

Се гледаме на Андерфест!