Третото издание на Андерфест фестивал ќе се одржи на 2 Октомври

Третото издание на Андерфест фестивал ќе се одржи на 2 Октомври во просториите на Public Room (Јавна Соба) во Скопје. Би сакале да ве известиме дека поради пандемијата на Ковид 19 бројот на посетители ќе биде строго ограничен со задолжителен сертификат за вакцинација. Влезот останува бесплатен за сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат. Ве замолуваме влезниците да ги резервирате на info@underfest.mk или со порака на нашата Facebook страна https://www.facebook.com/underfestfestival. Сите посетители мора да се придржуваат до мерките кои се пропишани за одржување на настани, односно ќе биде задолжителна дезинфекција на влезот, задолжително носење на заштитни маски и одржување на пропишаната физичка дистанца.