Преку Ред на АНДЕРФЕСТ 2022

Преку Ред е рок бенд од Скопје, формиран во 2019. Членови се Антони Анев (вокалист), Христијан Тасевски (гитарист), Калин Маловски (басист) и Антонио Ѓорѓиевски (тапанар). Во првите две години од своето постоење бендот има настапувано на неколку средношколски свирки, а во Октомври 2021, ја издава својата прва песна “Ќе Те Барам”, која е дел од првото ЕР на бендот, насловено “Преку Ред”, и е најавено за месец Ноември.