Комплетната програма за АНДЕРФЕСТ фестивал 202

Специјално за вас комплетната програма за АНДЕРФЕСТ фестивал 2023 🤘

Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?

Oваа година на 13ти октомври ќе се одржи петтото издание на фестивалот во МКЦ Скопје!

Продажбата на билети за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк

https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1292

За првите 100 билети цената ќе биде 300 денари, потоа 400 денари, а на врата последен ден 500 денари.

📅 13 Октомври 2023
📍 МКЦ, Денсинг сала

PEACH VICE на Петтото издание на Андерфест Фестивал

PEACH VICE (/ˈпич,-вајз/) е пост-пандемски бенд, роден од бурата на пред-пандемскиот човек. Метафизичко дијалектички битија, со потреба за хаос и бес, ширење позитивен гнев и желба за развивање (не)свест, бендот се оформува во конечната форма пред крајот на 2022та година и издава два видео записи – „Диши“ и „Крал“.

ПОСЛЕДЕН УДАР на Петтото издание на Андерфест Фестивал

Го негуваат звукот на панк рок, ои и стрит панк како и делумни хардкор примеси со изразени гитарски солажи, бас-линии и тапани, а текстовите на песните се целосно на македонски јазик во духот на дружењето, животот на улицата, фудбалот, другарувањето со пиво и алкохол, како и теми и од секојдневното општествено живеење во Македонија.

Првите почетоци на групата Последен Удар датираат од летото 2017 година, кога се започнува со проби и создавање на првите песни и делови од песни. Кон крајот на есента 2017 и почетокот на 2018 година се комплетира конечниот и сегашен состав на членови на групата по што на почетокот на Март 2018 бендот го има својот прв самостоен настап во Скопје, при што во истиот месец остварува и втор настап во рамки на Пролетниот Урбан Денс Фестивал во Скопје заедно со Ритам Нереда[1]. Во средината јуни одржуваат промоција на своето прво снимено EP со 5 песни на компакт диск, а во текот на летото одржуваат серија настапи и тоа свирки на: доделувањето на Македонските алтернативни награди (МАН) на Школка во Градскиот парк во Скопје, свирка на брод на Охридското Езеро во рамки на „United Along the Lake 2“ фестивалот, настап на Д Фестивал во Дојран и настап на Пивскиот фестивал во Ладовица, Србија. На 24 август 2019, Последен Удар го издаваат својот прв студиски албум насловен „Не сме како вас“[2], за што се одржала слушачка промоција на платото пред Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Албумот содржи 10 песни од кои 9 на македонски и 1 на англиски јазик, снимени во студиото „1060“ во Скопје. Успешната година, бендот ја завршува со настап на петтото издание на фестивалот „Востание“ во МКЦ, на крајот на декември 2019 година. По сеопштиот застој во секојдневното општествено живеење и свирки и настани на музичката сцена поради светската пандемија од корона вирус, Последен Удар продолжува со настапи одржувајќи свирка заедно со Лоши Деца во скопскиот клуб „Хавана“ кон крајот на септември 2021 година.

Го негуваат звукот на панк рок, ои и стрит панк како и делумни хардкор примеси со изразени гитарски солажи, бас-линии и тапани, а текстовите на песните се целосно на македонски јазик во духот на дружењето, животот на улицата, фудбалот, другарувањето со пиво и алкохол, како и теми и од секојдневното општествено живеење во Македонија. Музичко влијание црпат од англиските ои панк бендови како Cock Sparrer, Cockney Rejects, Macc Lads, SHAM 69, The Business, канадскиот Bishops Green и др.