Replay band – нов потврден бенд на Underfest

Бендот Replay активно свири веќе 4 години и бендот е составен од гитара,  вокал и саксофон. Имаат неколку авторски песни со примеси на фанк, поп, рок и повеќе „кавери“.  Тие на Underfest ќе свират во недела на 07 април 2019  година. Влезот е бесплатен!

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

КЛАСЈЕ „работен наслов“ – интересен и неочекуван музички експеримент на македонската иновативна сцена

Другарските џемувања изродија меѓусебни симпатии и енергија кои на музичкиот концепт му дадоа неочекувана форма: на нови мелодиски линии и се понудуваат класични фрази ( “Пољаците доаѓаат”), или пак дела од предходни фази се отсвирени на нов начин ( “Мојот ноќешен сон” ), со поинаква инструментална формација која самата наметнува и поинаква перцепција и доживување. Со еден збор: интересен и неочекуван музички експеримент на македонската иновативна сцена, подготвена од музичари од “стариот ков”.

Класје ќе настапат во сабота, на 06 април, 2019г.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

Предавање на Деан Шкартов – членот на култните Бандмингтонс, Александар Велики

UNDERFEST со гордост ви го претставува членот на култните скопски остави Бандмингтонс, Александар Велики, Клержо – Деан Шкартов, познат како Деко. Тој ќе има свое излагање на тема: Од Бадмингтонс (1983 година) до Македонскиот рубин (2018 година). Идејата е да се поврзе иновативниот дух на современиот претпириемач со корените развиени во рокенрол амбиентот.

Рокерот е пожртвуван, издржлив, со силен емотивен сеизнибилитет, креативен и подготвен да настапи и без хонорар. Сето тоа затоа што верува во својата идеа и филозофија. Доколку успее да се пробие и да си обезведи живеачка од таа своја пасија – тоа е врв на реализација на својот сон. Но тоа многу ретко успева… И претприемачот е артист во својот занает и во примената на методологиите за да стигне до реализација.

Деко ќе одржи предавање во сабота, на 06 април, 2019г.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/