Познати музичките имиња за фестивалот АНДЕРФЕСТ 2020

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ. Прогресивниот, музички фестивал оваа година ќе понуди дводневно комплетно уживање и ќе се одржи на 3ти и 4ти април 2020 година, во поткровјето на Public Room, во Скопје, а влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен.

Долгоочекуваното второ издание на Андерфест ќе се одржи првиот викенд во април и на него ќе земат учество повеќе бендови кои ќе се претстават со својата авторска музика.

Првиот ден на 3 април ќе настапи алтернативната група Cruel od Скопје, Фосфен од Битола, групата Fiction од Скопје, High Voltage од Охрид, како и еден од најпопуларните рапери во моментов од нашата држава Матеј Фолц. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат добро познатите Културно уметнички работници.

Вториот ден честа да свират на сцената ќе ја имаат Sincrest од Кичево, The Chicks – девојките од Велес, Hood, Пепел, Reinconnected . Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.

Настанот го покрија Министерството за Култура, Град Скопје, Jameson и Celia.

Се гледаме на Андерфест!

Конкурс за пријавување на музичари и музички бендови од Македонија за фестивалот UNDERFEST 2020

Underfest го распиша конкурсот за пријавување на музичари и музички бендови од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност на Underfest фестивалот во Скопје кој ќе се одржи на 3ти и 4ти Април 2020 на поткровјето на Public Room во Скопје. За линк од фестивалот https://www.facebook.com/events/2460962284161873/

Музичарите или музичките групи треба да ги испратат своите податоци на електронската адреса: info@underfest.mk најдоцна до 10 декември 2020та година.

Избраните дела ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и ќе се очекува нивен настап на фестивалот.

Целта на конкурсот е да им се даде шанса на младите автори да го презентираат својот креативен труд и своите дела пред публиката на фестивалот и на тој начин да се мотивираат да продолжат со својата работа.

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА МУЗИЧКИ БЕНДОВИ:

– Име на бендот
– фотографија од бендот
– музички правец
– по можност демо снимка од авторска песна
– по можност демо снимка од кавер песна за кавер бендови

Официјална програма на настапи UNDERFEST 2019

—- PUBLIC ROOM ——-

ПЕТОК 05 април 2019

20:15-20:45 – ИлузијА
20:55-21:25 – Sincrest
21:35-22:05 – Cruel / Крул
22:15-22:45 – Fusnota

22:45 – 22:55 – Филиповски Тошо – Македонска Рок Енциклопедија

22:55-23:25 – Këpurdhat
23:35-00:05 – Vizija
00:15-00:45 – Kain/Каин

САБОТА 06 април 2019

15:50-16:15 – Beatrix Dance League
16:25-16:55 – CREDO School of Music
17:05-17:35 – Roma Rock School
17:45-18:00 – Jovana Zdravevska
18:10-18:15 – Марија Бабамова
18:15-18:20 – Каја Дукоска
18:20-18:25 – Деспина Спасовска
18:25-18:30 – Ени Анжич
18:30-18:35 – Ема Смилевска
18:35-18:40 – Ангел Јунтев
18:40-18:45 – Драгана Јовановска
18:45-18:50 – Mina Blazhev
18:50-18:55 – Sara Gigova
18:55-19:00 – Marija Spasovska / Марија Спасовска
19:15-19:45 – Vlado’Yo Corev
19:55-20:25 – Мартин М.& @Aleksandar Bogdanovski
20:35-21: 05 – The Hood

21:35-22:05 – Reinconnected
22:15-22:45 – Misanthrope
22:55-23:25 – High Voltage
23:35-00:05 – Sound Waves – Band
00:15-00:45 – Фосфен // Fosfen

НЕДЕЛА 07 април 2019

16:00-16:25 – Eat The Beat – Dance Studio
16:30-17:10 – Гитара Пет
17:10-17:50 – Music House

18:00-18:30 – Band Replay
18:30-19:10 – Анастас Китановски
19:10-19:40 – Gorazd Kitanovski – Kenny the Heartist
19:40-20:10 – Orange Groove
20:10-20:45 – Bad Obsession
20:45-21:30 – Zulu 3.4
21:30-22:20 – Minstrel’s Gallery
22:20-23:00 – SoundEdge Skopje
23:00-23:45 – The Mole Pack