Рап групата која неодамна прослави 8 години „опстанок“ на сцена – Поетика на UNDERFEST

Ретко која македонска рап група може да се пофали со 8 годишно активно постоење и творење на сцена, и тоа не било каква, можеби една од потешките за опстанок поради многу причини. Поетика е рап група од Битола која е оформена на 20.08.2010та година. Групата ја сочинуваат Дејан TПЦ, Јове и Владе.

Од 2010та Поетика почнува активно со снимање песни и спотови и организирање рап журки/промоции при што имаат издадено четири студиски албуми “Предмет На Истрага“, „Ултиматум“, „Гласови“ и „Артефакт“.

Поетика ќе свират во петок на 05 април, 2019-та година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

Бендот Визија – „Хедлајнери“ на првата фестивалска вечер на UNDERFEST

Визија е бенд од Скопје, Македонија, основан во ноември 2011. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил.

Бендот веќе има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други.

Покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радио станица „WMBR” и британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Bands” кој на нивната листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година, ја поставува визија на високото седмо место.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

Во декември 2016, Визија го издава својот прв студиски албум „Гласно!“, а материјалот беше претставен и во живо на концертната промоција одржана во МКЦ на 08.12.2016.

Бендот Визија ќе бидат „Хедлајнери“ на првата фестивалска вечер на UNDERFEST во петок на 05 април, 2019-та година. Влезот за сите  посетители е бесплатен.

Арт рокерите „Фуснота“ во петок на 05 април

Fusnota почнуваат со работа на крај на 2001 година како болен сон на панкери што се замислуваат дека се металци ама се растени на мејнстрим, пробувајќи да свират арт-рок, ама премногу навлечени на дисторзија.

На Рок Фест 2004 го имаат првиот настап, некако стигајќи до финале. Оттогаш па натаму имаат повеќе настапи, во главно низ Скопје, но и по некаде низ Македонија, а и на Демофест во Бања Лука. Првиот албум го самоиздаваат во 2010 година, традиција што продолжува и со наредните три досегашни изданија. Моментално работат на нов албум.

Фуснота ќе свират во петок на 05 април, 2019 година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/