Нашиот евровизиски претставник Марија Спасовска со свој настап на UNDERFEST

Вокалните способности на нашата Марија Спасовска се добро познати како на нашата публика, така и на интернационално ниво, а доказ за тоа се многубројните награди на престижните фестивали низ светот.

Таа веќе има богато музичко искуство. Има издадено свое ЦД и освоено многу награди во Македонија и Европа.

Марија ќе ја претставува Македонија на Детскиот Евросонг оваа година, но и ќе настапува во детскиот дел на UNDERFEST, саботата, 06 април 2019 година.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

 

 

UNDERFEST збогатен со хип хоп изведувачот Vlado Yo

Vlado’Yo роден на 07.08.1994 во Струмица, за прв пат на музичката сцена се појавува со влегување во хип хоп групата Конфликт.

Првата негова песна заедно со Конфликт е објавена на 20 Август 2015 со која го забележува првото негово присуство во хип хоп музиката.
Од средината на 2018 продолжува како соло артист.

Тој работи како продуцент, beatmaker и MC во Euphoria.
Последни проекти се S.B.M.B и KRUG кој се наоѓат на јутуб каналот на Конфликт.

Владо ќе свири на 06 април, во сабота 2019 година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

 

Талентираната Јована Здравевска во детскиот дел на UNDERFEST

Јована Здравевска, има само 13 години и учи во ОУ “Даме Груев”-Битола, а веќе подолго време со својот „златен глас“ ги освојува срцата на македонската јавност. Нејзина прва љубов е виолината, но како инструмент со кој често ги изведува своите песни, маестрално свири и на пијано.

Јована е добитник на голем број награди на повеќе фестивали и музички манифестации, меѓу кои: третото место на Тра-Ла-Ла, прво место на фестивалот Pristina Fest Kids Fest и две први места на фестивалот Art in International Festival во 2017 и 2018 година.

Во нејзината музичка кариера, Јована се појавува и како композитор на неколку свои песни, а веќе една година македонската и светската јавност можат да ги следат незините „cover“ – верзии на песните: Jamiroquai Virtual Insality во соработка и под менторство на Христиан Петковиќ.

Јована ќе настапи во саботата на 6-ти април, 2019 година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/