Се знае првото име за Underfest 2019 – „The Mole Pack“ ревијално на 7 април

Се знае првото име за Underfest 2019! Среќни сме што можеме да објавиме дека „The Mole Pack“ ќе свират на фестивалот во недела на 7 април 2019 година. Влезот е бесплатен.

“The Mole Pack” штотуку го сними својот прв албум “Gambling Man” кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години. Албумот се состои од квалитетни песни во кои покрај блуз и рок, има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри влијание.

Без разлика дали се работи за интерес за музика, филм, било која форма на уметност, било која форма на наука или филозофија, или било каков интерес во животот – бендот повикува да “копаме” по она што навистина го сакаме. „Дружете се, сакајте се, и слушајте добра музика. Се надеваме дека ние ќе ви помогнеме во тоа” – велат “кртовите”, од каде што доаѓа името на бендот.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

 

Underfest распиша конкурс за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели во Македонија

Underfest денес го распиша конкурсот за пријавување на млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност на Underfest фестивалот во Скопје кој ќе се одржи на 5ти, 6ти и 7ми Април 2019 во просториите на Public Room во Скопје. За линкот од фестивалот https://www.facebook.com/events/293336504797381/

Авторите треба да ги испратат своите податоци на електронската адреса: info@underfest.mk најдоцна до 31 декември 2018та година.

Избраните дела ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и ќе се очекува нивен настап на фестивалот.

Се очекува да настапат преку 50 артисти од полето на музиката, театарот, литературата, културата и уметноста на 3 посебни сцени. Влезот за сите настани е бесплатен.

Целта на конкурсот е да им се даде шанса на младите автори да го презентираат својот креативен труд и своите дела пред публиката на фестивалот и на тој начин да се мотивираат да продолжат со својата работа.

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА МУЗИЧКИ БЕНДОВИ:

– Име на бендот
– фотографија од бендот
– музички правец
– по можност демо снимка од авторска песна
– по можност демо снимка од кавер песна за кавер бендови

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА ТЕАТАРСКИ УМЕТНИЦИ :

-Име на театарската група

-Име на театрската претстава (времетраење на претставата, бројот на актери што настапуваат, режија…) тука треба податоци како за регуларна претстава

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА АВТОРИ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРА:

-Име и презиме на авторот

-Име на книжевното дело

-Жанр (Поезија, проза, роман….)

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА ПРЕДАВАЧИ И ИЗЛОЖУВАЧИ:

-Право на пријавување имаат сите истражувачи, научници кои имаат релевантно научно-истражувачко дело кое би го презентирале пред публиката присутна на фестивалот.

 

Underfest

Underfest е прогресивен мултимедијален фестивал кој ги обединува музиката и уметноста и нуди тридневно комплетно уживање во сите сегменти од урбаната култура.

Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа продинесува за нивна афирмација и промоција.

Underfest ќе се одржи од 5 до 7 Април 2019 во просториите на Public Room во Скопје и на него ќе настапат преку 50 артисти а влезот за сите настани е бесплатен.