Андреа Коевска го откажа настапот на Андерфест 2022

Андреа Коевска го откажа настапот на Андерфест 2022. Пеачката и покрај потпишан авторски преддговор и согласност незнаела дека треба да настапи на фестивалот. Во писменото известување се наведува дека музичкиот состав Andrea & Band престанал да постои кон крајот на 2021 година.Исто така пеачката усно го информираше тимот на Андерфест дека во меѓувреме нејзината цена е многу порасната од лани и дека претходно веќе спогодениот и договорен износ бил мал за неа.Во наредните денови ќе ја објавиме нејзината замена на фестивалот!.

Димиш на четвртото издание на фестивалот Андерфест!

Dimish својот соло проект го започнува во 2019-та година откако го издавa својот прв инструментален албум „Inception“. Во јуни 2020-та година го издава својот втор инструментален албум „Redemption“. На крајот од 2020-та, ја издава својата песна „Ортус“ со видео запис, а во 2021-ва песната „Многу“, исто така со видео запис. Оваа 2022 година излезе и неговото второ ЕP “Навраќање”. Со Димиш се гледаме на четвртото издание на фестивалот Андерфест!