Недела

„The Mole Pack”

„The Mole Pack” штотуку го сними својот прв албум “Gambling Man” кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години. Албумот се состои од квалитетни песни во кои покрај блуз и рок, има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри влијание.

Replay

Бендот Replay активно свири веќе 4 години и бендот е составен од гитара,  вокал и саксофон. Имаат неколку авторски песни со примеси на фанк, поп, рок и повеќе „кавери“.

Илузија

Бендот Постои од 2015, и свири хардрок. Имаат издадено еден студиски албум “Остатоци од живот”, кој содржи 9 песни, сниман во “Blue town production” – Скопје, а на пат е и вториот албум.
Имаат и еден видео запис (спот) на истоимената песна “Остатоци од живот”.
Позначајни нивни свирки се на Синестетика и Алтернативно Скопје #4

Марија Спасовска

Вокалните способности на нашата Марија Спасовска се добро познати како на нашата публика, така и на интернационално ниво, а доказ за тоа се многубројните награди на престижните фестивали низ светот.Таа веќе има богато музичко искуство. Има издадено свое ЦД и освоено многу награди во Македонија и Европа. Марија ќе ја претставува Македонија на Детскиот Евросонг оваа година, но и ќе настапува на UNDERFEST, неделата, 07 април 2019 година.

Minstrel’s Gallery

Minstrel’s Gallery е македонски бенд, оформен во март 2013. Нивната музика е комбинација од разни влијанија, како хеви рок, џез фузија, психоделија, европски фолк, експериментална музика и тн, а на кратко ја дефинираат како прогресивен арт рок. До сега имаат две изданија – “Ignorance leads to Ruin”(2016) и “To…” (2018), а моментално работат на нов материјал кој ќе се најде на третиот албум.

Зулу 3.4
Инструментален бенд од Скопје. Формиран од страна на Дамјан Даневски, Марио Симоновски и Стефан Спасовски во март 2018 година. Музиката е фузија од повеќе стилови.
Bad Obsession
Bad Obsession е бенд од Валандово којшто е формиран во 2015 година. Бендот е активен со свирки 2 ипол години од кога постои главно како ковер бенд и свири хард/хеви рок.
Гитара Пет

Гитара Пет е невладина организација со цел да ја научи младината на културата и уметноста на класичната гитара. Основана од 5 професори, сите повеќегодишни ученици и предавачи во Асоцијација Петков Интитут и Културно Едукативен Центар Илинден, ќе ја обавуваат наставата и ќе ги реализираат целите. Во соработка со останати невладини, познати кафулиња и младинско културни центри, Гитара Пет се грижи да музиката научена во школата не остане таму туку се прошири, од најмали свирки, па се до големи концерти.

Soundedge

Скопскиот бенд „Soundedge“ се резервирани за последната вечер на фестивалот UNDERFEST. Со деби албумот „SoundEdge Volume 1” бендот имаше четири синглови кои котираа на врвот на топ листите на сите мејнстрим радиостаници, а впечатлив настан имаа и на скопскиот фестивал „Skopje Calling 2018“. Музика од овој македонски бенд е претставена и на шестото издание на регионалната годишна компилација „Balkan Under The Radar“, под покровителство на „Black Planet Records“. На компилацијата насловена „Black Box“ се бендови од цел регион, а „Soundedge”, како претставници од Македонија, во ова шесто издание ја свират песната „Не е цела вистина“.

Горазд Китановски (Kenny The Heartist)

Горазд Китановски (Kenny The Heartist) е артист кој сеуште трага по точната дефиниција за неговата уметност. Очекувајте симбиоза од поезија, хип хоп, и stand up comedy проследена со амбиентална музика. Досега има настапувано на повеќе културни настани во Скопје како и фестивали и улични перформанси низ Европа.

Music House

Music House e музичко училиште од Скопје од кое излегуваат евровизиски претставници, победници на фестивали, место од кое се формираат бендови и најважно, се создаваат убави спомени и пријателства. Музичкото училиште “Music House” ви нуди едно интересно дружење со популарната музиката. Тоа што е својствено за “Music House” е квалитетниот и искусен наставен кадар, интересната програма која вклучува изучување на најпопуларните песни од современите музички стилови, неконвенционалниот пристап кон учењето и условите во кои се одвива наставата. Наставниот кадар е составен од докажани музички имиња од македонската сцена со долгогодишно практично искуство.

Orange Groove

Orange Groove (Оринџ Грув) е музички проект кој е фузија на Hip-Hop, Trip-Hop и Electronica, и официјално датира од 2015 година со почетокот на снимањето на албумот “Armageddonia”.

Албумот е инспириран од пост-апокалиптичната-политичката состојба во Македонија која е претставена преку очите и ушите на еден уметник. Со дузина настапи низ Скопје и Македонија меѓу кои и Freedom Lyrics, D-Fest со Караванот на Слободата, IYC2018, Bob Marley’s day и повеќе соработки со различни артисти, Orange Groove ја има честа уште еднаш на сцената.

Анастас Китановски

Анастас Китановски е млад и ентузијастичен музички продуцент кој веќе 4 години се занимава со електронска музика. Пасијата кон музиката тој ја преточува во својот карактеристичен звук во своите песни. Очекувајте енергија и вибрации кои преточени во неговите песни. ќе допрат длабоко во секој од вас. Претходно има настапувано на локални ивенти во Скопје, охрабрувајќи го да настапува на својот прв фестивал.

Eat The Beat

ИТ ДА БИТ (Eat The Beat) e Здружение за модерни танци во Скопје кое датира од јули 2016 година, а веќе во 2017-та година стануваат Светски Шампиони во Латино Шоу. Имаат 180 активни натпреварувачи и 20 рекреативци. Танчерите се од сите возрасти, од 4 до 35 години. Тие беа организатори на најголемиот танц натпревар во Македонија, “Dance Masters”