Петок

Cruel

Cruel е алтернативен рок бенд формиран во 1996 година во Скопје од страна на гитаристот и вокал Новица Василевски и тапанарот Трифун Јосифовски. Составот e надополнет со бас гитара Николовски Николче Ниџо. Бендот активно свири до 2002 година со преку 20 свои авторски песни и настапи на поголемите фестивали во земјата. 

Fusnota

Fusnota почнуваат со работа на крај на 2001 година како болен сон на панкери што се замислуваат дека се металци ама се растени на мејнстрим, пробувајќи да свират арт-рок, ама премногу навлечени на дисторзија. На Рок Фест 2004 го имаат првиот настап, некако стигајќи до финале. Оттогаш па натаму имаат повеќе настапи, во главно низ Скопје, но и по некаде низ Македонија, а и на Демофест во Бања Лука. Првиот албум го самоиздаваат во 2010 година, традиција што продолжува и со наредните три досегашни изданија. Моментално работат на нов албум.

Визија

Визија е бенд од Скопје, Македонија, основан во ноември 2011. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Бендот веќе има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други.

Поетика

Ретко која македонска рап група може да се пофали со 8 годишно активно постоење и творење на сцена, и тоа не било каква, можеби една од потешките за опстанок поради многу причини. Поетика е рап група од Битола која е оформена на 20.08.2010та година. Групата ја сочинуваат Дејан TПЦ, Јове и Владе.

КАИН 

Бенд составен од четири различни карактери кои во 2014 година фузионираа во една светла точка наречена – КАИН.

КАИН „печат“ на денешното турбулентно општество, како на локално, така и на глобално ниво, во кое вредностите се измешани и ја губат својата смисла. Несомнено е потребно одбележување на времето во кое живееме, а албумот кој е насловен „ПОД ОВА СОНЦЕ ЛАДНО Е“ е музички запис кој ќе остави траен белег во македонската, а можеби и во светската музичка сцена и нема да ве остави рамнодушни. Етно – рок, џез – рок, прогресивен – рок, панк, сето тоа зачинето со еден каиновски шмек може да се слушне во првиот деби албум.

Sincrest

Рок групата Sincrest е формирана во 2016, од тројца млади инструменталисти  и еден повозрасен вокалист. После двегодишно заедничко патешествие низ струите на гитарските музички правци се создаде стил што ја отслика нивната реалност и го разбуди чувството за експресија.
Sincrest потекнува и работи во Кичево.

Никола Тони

Никола Тони е познат македонски тапанар, музички селектор, Ди Џеј и уметник. Роден во Охрид град кој потекнува со духовност и култура. Со неполни 20 годишна кариера станува член на групата Дамар, каде тропа тапани. Првиот албум го издава со групата Вентолин кој го носи по името на групата. Никола Тони нуди можности на музички развиток, како и достигнување на креативен начин на живот. Од 2001 неговото интересирање се проширува како музички селектор каде е познат под името Prle Оn Way. Работи со најдобрите aндергроунд кругови низ цела Македонија. Никола Тони почнува се повеќе да се интересира и до 2005 година каде го усовршува својот звук кон xаус музиката која почнува да ја пушта по македонските клубови , со што покасно ги вметнyва и своите тапани каде на публиката им го пружи својот Live Performance, по што станува познат околу своeто опкружување.