Сабота

К’пурдат

К’пурдат е инди рок група основана во 2013та година во Тетово. Бендот учествувал на повеќе фестивали и настани меѓу кои ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ, Пиволенд, Зелен фестивал, D фестивал и други.

Тошо Филиповски

Повеќе од 30 години Тошо Филиповски е активен и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена. Македонската рок сцена во периодот од 1963. до 2018. година, тој ја овековечи за прв пат во капиталното издание „Рок енциклопедија“ (прв од трите том) на Тошо Филиповски. Тој целото свое повеќе децениско искуство околу рокенролот во Македонија ќе се обиде да го објасни на неговиот говор во саботата на 6ти април.

Деан Шкартов

Деан Шкартов, познат како Деко ќе има свое излагање на тема: Од Бадмингтонс (1983 година) до Македонскиот рубин (2018 година). Идејата е да се поврзе иновативниот дух на современиот претпириемач со корените развиени во рокенрол амбиентот.

КЛАСЈЕ – интересен и неочекуван музички експеримент на македонската иновативна сцена

Фосфен – инди/поп-рок прогресивци од Битола, основани во 2016 година. Имаат одржано повеќе настапи на алтернативната сцена низ Македонија и го промовираат нивното деби ЕП „Cardboard Covers“.

Јована Здравевска –  е добитник на голем број награди на повеќе фестивали и музички манифестации, меѓу кои: третото место на Тра-Ла-Ла, прво место на фестивалот Pristina Fest Kids Fest и две први места на фестивалот Art in International Festival во 2017 и 2018 година.

Vlado’Yo – Првата негова песна заедно со Конфликт е објавена на 20 Август 2015 со која го забележув првото негово присуство во хип хоп музиката.
Од средината на 2018 продолжува како соло артист. Тој работи како продуцент, beatmaker и MC во Euphoria. Последни проекти се S.B.M.B и KRUG кој се наоѓат на јутуб каналот на Конфликт.

High Voltage

Бенд формиран во 2016-та година од четири млади рокенрол ентузијасти, од различни градови (Охрид,Струга,Битола). Овој неафирмиран млад бенд има големи амбиции кој свири хард рок музика.

Beatrix Crew 

Beatrix Crew е студио за танц од Скопје. Нивниот стил е од стрит хип-хоп, сите видови на реге, хаус и брејкденс. Иако имаат огромна конкуренција тие речиси секогаш ги освојуваат највисоките пласмани досега забележани во Македонија.

Sound Waves

Бенд од Битола, кој како cover band има настапувано на преку 200 свирки низ 13 градови низ Македонија и учествувано на 3 фестивали. Тие се млади, но многу талентирани музичари кои се на возраст од 22-25 години. Свират Rock/Hard Rock, и нивните настапи се препознатливи по енергијата што ја пренсуваат на публиката.

Roma Rock School

– невладина организација со седиште во Скопје која го поддржува музичкото образование на талентираните Роми и деца кои потекнуваат од економски ранливи семејства преку рокенрол, и се на возраст од 13-16 години. Преку нивните активности, тие се фокусираат на зголемување на мултиетничката толеранција и намалување на дискриминацијата преку музика помеѓу ромските и неромските деца од цела Македонија.

Misanthrope

Misanthrope е новооформен thrash-death metal бенд, формиран во 2016 година од Антон Китос и Андреј Петровски, кои први го добија стимулот да направат своја група. Подоцна нив им се приклучуваат Бојан Анакијевски и Стефан Ѓуровски. Нивниот бенд зема инспирација од големите бендови како Megadeth, Kreator, Sepultura, Vader, Morbid Angel, Destruction и други.

CREDO

Музичкото училиште „Кредо“ е сертифицирано од познатата канадска школа „Спалдинг метод“, а наставниците се професионални музичари. Во рамки на училиштето постојат повеќе катедри како соло пеење, клавишни инструменти, жичани и ударни инструменти, чија програма опфаќа од класична музика до поп, рок и џез, меѓу кои засега најпопуларни меѓу учениците се пијано, гитара, виолина, пеење и тапани.

 

Reinconnected

Reinconnected e неодмамна оформен бенд од Охрид-Македонија и е составен од четири изведувачи: Мишко Сиљаноски- Тапани; Пеце Клечкароски- Вокал; Бојан Танески -Гитара (special FX);
Александар Марковиќ- Бас гитара и Никола Јосифоски ( Клавијатура ). Постојат шест месеци и се во поготовка на нивниот прв албум. Нивниот жанр на музика е комбинација од повеќе стилови : Grunge, Industrial psychedelic fat metal.

AleX & MazneX

Мартин Мазнев и Александар Богдановски се од Велес познати како AleX & MazneX. Имаат по 17 години, а веќе една година спремаат свои песни. Имаат издадено 4 синглови и една изведба на Гитара и рап, а на пат е и нивното шестото парче.

The Hood

The Hood e нов музички проект кој започнува Јануари 2019, додека веќе следниот месец го објавува првото музичко остварување “Away”, со видео запис, кое е дел од официјалното деби “EP”, кое излегува Мај 2019.

Академија за естрадно пеење „Ѕвездички“

Најдобрите деца пеачи во Македонија се членови на Академијата за естрадно пеење „Ѕвездички“ и истите официјално ја претставуваат Македонија на најголемите фестивали низ светот каде што и многу често освојуваат први места.

Младите таленти ги едуцира Ана Костадиновска, а менаџер на академијата е Марјан Катароски.