Кичевчаните Sincrest „ќе грмат“ на UNDERFEST

Рок групата Sincrest е формирана во 2016, од тројца млади инструменталисти  и еден повозрасен вокалист. После двегодишно заедничко патешествие низ струите на гитарските музички правци се создаде стил што ја отслика нивната реалност и го разбуди чувството за експресија.

Sincrest потекнува и работи во Кичево.

Бендот го сочинуваат : Филип Петкоски – гитара; Мики Јанкулоски – тапани; Дарко Настески – вокали и Мануел Богоевски – бас гитара.

Sincrest ќе свират во петок на 05 април, 2019-та година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

Прогресив арт рокерите Minstrel’s Gallery на UNDERFEST

Minstrel’s Gallery е македонски бенд, оформен во март 2013. Нивната музика е комбинација од разни влијанија, како хеви рок, џез фузија, психоделија, европски фолк, експериментална музика и тн, а на кратко ја дефинираат како прогресивен арт рок.

Бендот е составен од Виктор Танасковски – гитара, мандола, вокал; Слободан Танасковски – флејта, клавијатури, вокал; Даме Јовановски – бас гитара, придружен вокал; Кристијан Тодоров – тапани

Покрај компонирањето и свирењето авторска музика, Minstrel’s Gallery се занимаваат и со визуелна уметност, а сите слики, цртежи и поеми поврзани со нивната музика ги изложуваат на промоциите, концертите, како и во буклетот од ЦДата.

До сега имаат две изданија – “Ignorance leads to Ruin”(2016) и “To…” (2018), а моментално работат на нов материјал кој ќе се најде на третиот албум.

Бендот ќе имате прилика да го видите во недела, на 07 април, 2019 година. Влезот за сите посетители е бесплатен!

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

КАИН на UNDERFEST – Бендот составен од четири различни карактери

Бенд составен од четири различни карактери кои во 2014 година фузионираа во една светла точка наречена – КАИН.

КАИН „печат“ на денешното турбулентно општество, како на локално, така и на глобално ниво, во кое вредностите се измешани и ја губат својата смисла. Несомнено е потребно одбележување на времето во кое живееме, а албумот кој е насловен „ПОД ОВА СОНЦЕ ЛАДНО Е“ е музички запис кој ќе остави траен белег во македонската, а можеби и во светската музичка сцена и нема да ве остави рамнодушни.

Насловот на албумот и текстовите од песните конотираат на сонцето македонско кое не олади низ годиниве, ко мртви да сме. Етно – рок, џез – рок, прогресивен – рок, панк, сето тоа зачинето со еден каиновски шмек може да се слушне во првиот деби албум.

Каин ќе свират во петок на 05 април, 2019-та година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/