Младите таленти од музичкото училиште „Гитара 5“ ќе се претстават на фестивалот UNDERFEST 2019

Гитара Пет е невладина организација со цел да ја научи младината на културата и уметноста на класичната гитара. Основана од 5 професори, сите повеќегодишни ученици и предавачи во Асоцијација Петков Интитут и Културно Едукативен Центар Илинден, ќе ја обавуваат наставата и ќе ги реализираат целите.

Во соработка со останати невладини, познати кафулиња и младинско културни центри, Гитара Пет се грижи да музиката научена во школата не остане таму туку се прошири, од најмали свирки, па се до големи концерти.

Гитара 5 и неговите ученици ќе се претстават на UNDERFEST 2019 во неделата на 07 април, 2019-та година. Влезот за сите посетители е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/