„Поточиња“ ќе настапат во детскиот дел на UNDERFEST 2019

Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,Поточиња” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца – учесници на возраст од 5 до 12 години.

Детскиот фестивал “Поточиња” своето 15. јубилејно издание го одржа на 24 и 25 март 2018 година во Македонска опера и балет каде што беа реализирани 6 претстави за публиката. ,,Поточиња 2018″ беше посетено од 5 000 деца. За 15 години “Поточиња” зад себе остави 226 детски песни, на фестивалот учествуваa околу 1250 деца како солисти и дел од хорот ,,Поточиња”, a фестивалските изданија ги проследиле околу 90 000 посетители. Новото 16. издание ,,Поточиња 2019″ ќе се одржи на 30. и 31. март 2019 во Македонска опера и балет. Детскиот фестивал ,,Поточиња” и во иднина неуморно ќе продолжи да ја развива детската музичка култура и преку забава едукативно да влијае на децата.

Неколку солисти изведувачи на „Поточиња 2019“ ќе имате прилика да ги видите и на детскиот дел од фестивалот UNDERFEST 2019 во саботата на 06 април, 2019-та година.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/