Кои се музичките имиња за АНДЕРФЕСТ 3?!

Скопје и оваа година е домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ. Прогресивниот, музички фестивал нуди комплетно уживање во поткровјето на Public Room, во Скопје. Влезот ќе биде со бесплатен со претходна резервирана карта, редуциран број на публика најмногу до 30% и задолжителен сертификат за вакцинација.

Вечерва на сцената ќе настапат The Chicks или Девојките, алтернативната група Fiction oд Скопје, Милко, и Decoy – трибут на групата Paramore.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.

Покровители на настанот се Celia и градот Скопје.