Conspiracy на Петтото издание на Андерфест Фестивал

Conspiracy е треш / хеви метал бенд од Скопје, формиран 2016 година. Својот прв албум “Dehumanized” го издаваат после победата на фестивалот “Luzer fest”.

Бендот е загреан и среќен што ќе биде дел од програмата на Underfest, а воедно и што ќе изведе песни од новиот албум.

Бендот е составен од: Стефан Трајкоски – Вокал/Ритам Гитара Александар Стефановски – Тапани Адриан Петров – Соло Гитара Раде Биковски – Бас Гитара