Луфтанза (Lufthansa) на Петтото издание на Андерфест Фестивал

Луфтанза (Lufthansa) e еден од новите, водечки бендови на македонската алтернативна сцена! Бендот е основан во 2020 година. Се состои од Иво Николовски, Андреј Димовски, Лука Јованоски, Виктор Стојановски, Раде Биковски и Мартин Џорлев. Свират пост панк, психоделичен рок и сѐ што ќе им дојде во моментот.

На 5 април 2021 го извадија својот прв албум насловен „Демо Тејп I“, а на 17 јули, истата година, го извадија својот втор албум „Демо Тејп II“.

Нивните авантури можете да ги следите на следните линкови: https://www.instagram.com/thelufthansaconspirators/ https://www.youtube.com/channel/UCMJEaxjbIAxWAiDz6qI7-jQ