АНДРЕА потврдена на АНДЕРФЕСТ 2022

Родена е на 14 февруари 2000 година, а нејзината љубов кон музиката започнала на 5-годишна возраст, кога нејзините родители се преселиле во Харлем за едногодишна програма. Нејзините најрани сеќавања се госпел, соул и R&B музиката кои ги апсорбирала и ја преобразиле во доживотен вљубеник во музиката. Како ќерка на татко професор по право и мајка доктор, нејзините родители очекувале таа да одбере некоја слична „респектирана“ кариера.

Блоговите ја нарекуваат „водечки инди уметник во Македонија“. EQ Music изјави: „Андреа чекори по нагорна линија и е на пат да стане одговор од Македонија на Дуа Липа поради начинот на кој таа пристапува кон попот во модерен и посветен стил.“ Другите прегледи велат: „I know“ е сензација на електропоп со динамична инструментација и богат вокал. Потсетувајќи на Florence & The Machine со поголеми влијанија од R&B, Андреа прикажува соул тонови со самодоверба и софистицираност на многу поискусен уметник “.

Нејзиниот деби сингл, „I know“, беше премиерно објавен во престижниот британски музички блог Blackplastic, кој  ja опиша „I know“ како љубовна песна која буди возбуда и моментална привлечност. Андреа е објавена и во други музички блогови во САД, Бразил, Полска и Русија. Таа беше интервјуирана за радиа и подкасти во САД, Велика Британија, Холандија и Мексико. „I know“ се емитуваше на преку 200 радио станици низ целиот свет во над 40 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Франција, Мексико, Канада, Сингапур, Јужна Африка, Грција, Македонија , Бугарија и други.