Андреа Коевска го откажа настапот на Андерфест 2022. Пеачката и покрај потпишан авторски преддговор и согласност незнаела дека треба да настапи на фестивалот. Во писменото известување се наведува дека музичкиот состав Andrea & Band престанал да постои кон крајот на 2021 година.Исто така пеачката усно го информираше тимот на Андерфест дека во меѓувреме нејзината цена е многу порасната од лани и дека претходно веќе спогодениот и договорен износ бил мал за неа.Во наредните денови ќе ја објавиме нејзината замена на фестивалот!.
Вселенаутика потврдени на Андерфест 2022! Бендот од Скопје, ќе настапи на четвртото издание на 1ви октомври 2022 година!
Димиш на четвртото издание на фестивалот Андерфест!
Dimish својот соло проект го започнува во 2019-та година откако го издавa својот прв инструментален албум „Inception“. Во јуни 2020-та година го издава својот втор инструментален албум „Redemption“. На крајот од 2020-та, ја издава својата песна „Ортус“ со видео запис, а во 2021-ва песната „Многу“, исто така со видео запис. Оваа 2022 година излезе и неговото второ ЕP “Навраќање”. Со Димиш се гледаме на четвртото издание на фестивалот Андерфест!